Услови и правила за користење


УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ


Добредојдовте на нашата веб страница (понатаму „Веб страница“ ). Се надеваме дека ќе уживате во своето искуство на платформата. Подолу се наведени условите кои го регулираат вашето користење на нашата Веб страница (понатаму „Услови“ ). Со користењето на нашата Веб страница вие ги прифаќате и сте согласни да се придржувате кон Условите; доколку не се согласувате ве молиме да не ја користите нашата Веб страница.

Во овие Услови изразите “ние”, “нас”, “наши” и „Е ЗАШТИТА“ се однесуваат на Друштвото за информатички технологии и услуги М-НЕТ ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. Јане Сандански бр. 35-3/15 Скопје, со ЕМБС 7271310, нашите сестрински фирми, претставништва, гранки, правни следбеници, давачи на лиценци, примачи на лиценци и/или агенти, а “вие” се однесува на вас.

Останатите услови исто така се однесуваат на употребата на нашата Веб страница и се вклучени тука во оваа референца. Вклучуваат посебни услови кои се применуваат за конкурси, промотивни продажби и други функции кои може да бидат привремено достапни на нашата Веб страница. Се согласувате дека ќе се придржувате до таквите услови.

По потреба може да испечатите копија на овие Услови.


Ваша употреба на нашата Веб страница


За да ја користите нашата Веб страница или да би испратиле ваша содржина мора да имате најмалку 18 години ( или да бидете под надзор на родител или старател ).

Не мора да се регистрирате за да ја користите нашата Веб страница, но мора да бите регистрирани и да ги подмирите давачките според вашата претплата за да можете да ги користите напредните алатки за која е наменета оваа веб страна

Слободно истражете ја нашата Веб страница и доколку е достапно, дадете и свој допринос, како прашања, коментари, постови, оцени и рецензии, информации и мултимедијални содржини ( на пр. слики, видеа, музика, звуци, уметнички дела ) (“Корисничка содржина”).


Вашата употреба на нашата Веб страница и вашата Корисничка содржина мора да биде законска и во согласност со овие Услови.

Вашата употреба на нашата Веб страница и Вашата Корисничка содржина не смее:


  1. да нанесе штета, вознемири или повреди други луѓе или да ги крши правата на други лица, вклучувајќи приватност, слика и лик;
  2. да ги злоупотреби или прекрши било кои права на интелектуална сопственост, или да содржи било што довреливо или во сопственост на вас или било кое друго правно лице, а вие да немате право тоа да го објавувате јавно;
  3. да биде незаконска, да клевети ( вклучувајќи ја и веб страната и М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ, Скопје), да е непристојна, заканувачка, насилничка, расистичка или  ксенофобична, да промовира или охрабрува нетрпеливост, омраза или насилство или на друг начин да биде навредлива, да содржи приговори или да биде непримерна;
  4.  да вклучува комерцијални или други реклами или промоции;
  5. да биде лажна, да содржи измама, заблуди или злонамерност, не смеете да се претставувате лажно како било која друга личност или лажно да го претставувате својот идентитет или да дадете било кои други податоци за себе;
  6. да дистрибуирате вирус, црв или друг штетен код за компјутерот, да ја тестирате ранливоста на нашата Веб страница, да доведувате до безбедносни проблеми, оштетување, оневозможување или преоптеретување на нашата Веб страница или на друг начин да ја загрозите, пореметите, преоптерерите, наштетите, нарушите или и пречите на функционирањето или интегритетот на нашата Веб страница или било кое друго лице кое ја користи нашата веб локација.

Не смеете да пробувате да


(a) правите масовни, автоматизирани или системски екстракции на нашата Веб страница или да ги користите внатре или за создавање на друг вебсајт, услуга или база на податоци, или да се обидувате да ги продадете повторно и повторно да ги дистрибуирате;

(b) да распаднете, користите реверзен инжинеринг, да го одделите или на некој друг начин да го намалите кодот кој се користи во било кој софтвер на нашата веб локација во целосен облик; или

(c) да го користите било кој deep линк, да вршите екстаркција на податоците од страницата, веб попишувачите, индексирање, Интернет агент или друг автоматски уред, програм, алгоритам или било која друга слична методологија за употреба, пристап, копирање, стекнување информации, генерирање импресии, влезни информации, да чувате информации, пребарувате, генерирате пребарувања или да го надгледувате било кој дел на нашата Веб страница или содржина.


Имајте на ум дека Е ЗАШТИТА може веднаш и без претходно известување да отстрани било кој дел од вашата Корисничка содржина и /или да ја суспендира или прекине вашата можност за користење на Веб страницата ако веруваме дека не сте ги почитувале овие Услови.

Ние можеме, но не сме обврзани во било кој момент ја  надгледуваме и прегледуваме како и уредуваме, тргаме или одбиваме било која ваша корисничка содржина по сопствено дискреционо право.

Во секој случај, вие сте одговрни и би требало да водите сметка при креирање и објавување на вашата Корисничка содржина. Ветувате дека ќе се придржувате до овие Услови. Може да имате законска одговорност кон нас и трети лица доколку не го направите тоа. Ние можеме, но не сме должни да пријавиме релевантно кршење на овие Услови на регулаторните органи за спроведување на законот.

Известете не веднаш доколку имате било каква примедба на било која Корисничка содржина на електронската пошта [email protected]


Интелектуална сопственост


Сите содржини на нашата Веб страница, вклучувајки ги без ограничување, текстовите, фотографиите, графиките, уметничките дела, заштитните знаци односно логоа, брендовите, логотиповите, видео снимките, звуците, музката, корисничкиот интерфејс, документите и код ( збирно “Содржина” ), како и изгледот и презентацијата на оваа Содржина, се во наша сопственост или во сопственост на оние од кои сме добиле лиценца, и се заштитени со авторски права, лого, патент, препознатлив изглед, права sui generis / база на податоци и други права на интелектуалната сопственост.


Заштитните знаци или логоа, логотипови, карактери и услужните ознаки прикажани на нашата Веб страница или називите на доменот (под заеднички назив “Заштитни знаци”) припаѓаат на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ, Скопје, односно компанијата која стои позади изработката и функционирањето оваа веб платформа.


Ништо на нашата Веб страница и во овие Услови не може да се интерпретира како давање на било каква лиценца или право на користење на било кој Заштитен знак. Ве известуваме дека М-НЕТ ФАКТОРИ ќе ги користи сите средства дозволени со закон за да ги заштити своите права на интелектуална сопственост. Може да пристапите и репродуцирате поединечни содржини на нашата Веб страница исклучително за своја приватна и некомерцијална употреба [или за интерна професионална употреба] под услов во секој од случаите да го почитувате интегритетот на Содржината и задржите (и не тргате) било какво известување за авторските права на таквата Содржина (на пр. © 2021 М-НЕТ ФАКТОРИ. Сите права се задржани.) како и известување за истите.


Ниеден дел од нашата Веб страница и ниедна Содржина не смее да се користи, копира, репродуцира, да се објавува повторно, поставува, објавува, да се прикажува јавно, емитува, шифрира, преведува, пренесува или дистрибуира на било кој друг компјутер, сервер, веб сајт или било кој друг медиум за комерцијална намена, без експилицитна писмена согласност од М-НЕТ ФАКТОРИ.


Сите останати права се задржани. Освен ако не е експлицитно наведено поинаку во овие Услови, употребата на нашата Веб страница, заштитните знаци или содржината е строго забранета. Морате да добиете наша претходна дозвола за било каква друга употреба на нашата Веб страница или Содржина, вклучувајќи било каква комерцијална употреба која ние можеме да ја одобриме, одбиеме или условиме по сопствено дискреционо право.


Ваша корисничка содржина


За да можете да ја испратите својата содржина, мора да имате најмалку 18 години ( или да бидете под надзор на родител или старател ). Ветувате на М-НЕТ ФАКТОРИ декa:


(a) сте автор и сопственик на вашата Корисничка содржина и / или дека на некој друг начин имате можност дополнително да ни ги дадете договорените права за користење, бидејќи сте добиле дозвола од страна на авторот/ сопственикот на вашата Корисничка содржина и било што што е содржано во неа или било кое лице во вашата Корисничка содржина ( и ако авторот/ сопственикот или лицето се малолетни, од нивниот родител или старател ); и

(b) дека вашата Корисничка содржина е на друг начин во согласност со овие Услови.


Доколку работите за М-НЕТ ФАКТОРИ или во некоја друга компанија која работи за или со М-НЕТ ФАКТОРИ, морате да го обелодените тој однос. На нас и на нашите сетрински компании ни ги давате сите права, дозволи и согласноти, неексклузивно, без надоместок, трајно, неповратно и со потоплно пренослива лиценца за користење, копирање, репродукција, модификација, прилагодување, превод, објавување, јавно прикажување, дистрибуирање, продавање, вклучување во други материјали и создавање изведени трудови од својата Корисничка содржина (со или без вашето име или друго име кое сте го испратиле во својата Корисничка содржина) во било кој облик и медиум за комерцијална или друга намена (вклучувајќи, без ограничување на огласување, маркетинг и промотивен материјал) без ограничување или кршење, вклучувајќи ја и целта на измената и прилагодувањето на вашата Корисничка содржина без одобрување или согласност или било какво плаќање или заслуга кон вас или било кое друго лице.


Сите повратни информации, сугестии, информации, податоци, предлози, идеи, материјали, прашања или коментари кои ни ги давате нас и на нашата Веб страница сметате дека не се доверливи и комерцијални. Се што испраќате или објавувате станува наша сопственост и М-НЕТ ФАКТОРИ слободно ќе ги користи таквите повратни информации и материјали неограничено за било која намена, вклучувајќи но не ограничувајќи се на репродукција, откривање, пренос, објавување и емитување. Конкретно, слободни сме да користиме било кои идеи, поими, know-how или техники содржани во било која комуникација која ја испраќате на нашата Веб страница за било која цел, вклучувајќи но не ограничувајќи се на развој, производство, рекламирање и маркетинг на прозиводите користејќи ги тие информации. Секако таквото користење е без надомест кон оние кои ги даваат информациите или кон било кој друг. Имајте на ум дека М-НЕТ ФАКТОРИ може слободно да одлучи дали ќе ја употребува вашата Корисничка содржина или не и дека М-НЕТ ФАКТОРИ можеби веќе развил таква (или во иднина можеби ќе развие) слична содржина или таква содржина набавил од други извори, во тој случај сите права на интелектуална сопственост на оваа содржина остануваат на М-НЕТ ФАКТОРИ и оној кој му ја дал лиценцата.


Пристапност


М-НЕТ ФАКТОРИ е посеветен на тоа да ја направи нашата Веб страница што подостапна за сите корисници, вклучувајќи ги и оние со инвалидитет. Вашето искуство во прегледувањето може да се подобри со промена на софтверот и поставувањата на уредот (на пр. за промена на големината на текстот) или со инсталирање на додатни помошни технологии. Обратете ни се доколку имате прашања поврзани со пристапноста.


Информации за кондиција, исхрана и здравје


Информациите на нашата Веб страница немаат за цел да дадат општи информации за кондицијата, исхраната и здравјето и не се наменети за дијагностицирање или лечење. М-НЕТ ФАКТОРИ не е ангажиран за давање на медицински совети или услуги. Треба да се посоветувате со лекар за лекарски совети или услуги, вклучувајќи и барање совети пред да преземете нова диета или програма за вежбање.


Линкови


Нашата Веб страница може да содржи врски (линкови) до веб страници на други компании, платформи на социјални медиуми, мобилни апликации и други производи и услуги (како и огласување на трети страни) (“платформи на трети страни“). Ние немаме контрола над таквите платформи на трети страни, не ги поддржуваме нужно и не превземаме никаква одговорнсот за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Како резултат, морате внимателно да ги прегледате правните известувања и известувањата за приватноста на таквите платформи на трети страни, вклучувајќи ги и информациите за сите нивни измени. Вашата интеракција со овие поврзани платформи е на ваш ризик. М-НЕТ ФАКТОРИ не сноси никаква одговорност за таквите платформи на трети страни и нивните услови и одредби.


Доколку користите платформа на трета страна и сакате да се поврзете на нашата веб локација, можете на својата почетна страна да ја вклучите хиперврската до почетната страна на нашата веб страница (користејќи обичен текст на нашиот веб сајт); под услов да тоа го правите на начин кој е во согласност со овие Услови, а да:


(a) на ниеден начин не наведете дека сте поврзани или поддржани или спонозрирани од страна на М-НЕТ ФАКТОРИ,

(b) не прикажувате хиперврска или ја прикажувате нашата Веб страница на било кој начин кој претставува омаловажување на М-НЕТ ФАКТОРИ и ЕЗАСТИТА.мк,

(c) не воспоставите deep link (длабока врска) на било која друга страница на нашиот Веб сајт, или

(d) не ја врамувате нашата Веб страница или било која Содржина или на друг начин предизвикувате нашата Веб страница или содржина да се појават во прозорец со било кој друг материјал.


Секое одобрување на поврзаноста можеме во било кое време да го повлечеме по сопствено дискреционо право. Нема да го користите името, логотипот, слоганите, заштитните знаци или било кои други зборови или кодови на М-НЕТ ФАКТОРИ и Е ЗАСТИТА кои го идентификуваат М-НЕТ ФАКТОРИ како копче во хипервсрката, во метатагот или на било кој начин без експлицитна писмена согласност од М-НЕТ ФАКТОРИ.


Изјава за откажување од одговорноста


Ние можеме да го промениме целиот или било кој дел на нашата Веб страница вклучувајќи и додавање, отстранување или промена на било која Содржина, вклучувајќи ја Корисничката содржина, во било кое време по сопствено дискреционо право. Можеме да ве известиме претходно, но не мораме да го направиме тоа. Нашата Веб страница нема да биде секогаш достапна. Ние можеме да измениме, суспендираме или повлечеме труд или пристап на нашата Веб страница во било кое време по сопствено дискреционо право, било на привремена или трајна основа, вклучувајќи и одржување и други технички причини. Можеме да ве известиме претходно, но не мораме да го направиме тоа.

Како и сите услуги засновани на софтвер, ние не можеме да ветиме дека нашата Веб страница не содржи грешки или дефекти. Нема да бидеме одговорни за одржување на содржината и нашата Веб страница или за овозможување корекција, ажурирање или изданија во врска со тоа.

Топло ви препорачуваме да водите сметка и да ја проверите погодноста и компатибилноста на компјутерскиот систем пред употреба на нашата веб страница, вклучувајќи ги разумните мерки на претпазливост за да бидете заштитени од безбедности проблеми, на пример, инсталирање антивирусен софтвер. Доколку одлучите да превземете или копирате материјал од нашата веб страница, тоа го правите на сопствен ризик. Ние не преземаме никаква одговорност за било какво оштетување или вирус кој би можел да влијае на вашата компјутерска опрема или друга сопственост поради вашиот пристап, користење или преземање на било кој материјал од неговата веб локација или поради илегално напаѓање или интервенција во неговиот систем.

Нашата Веб страница е динамично окружување и повремено може да се појават неточности и грешки. Не сме одговорни за (и нужно не се сложуваме и поддржуваме) ваша или било која друга корисничка содржина на нашата веб страница и би требало да бидете внимателни кога ја користите. Секое потпирање на материјалите на нашата Веб страница ќе биде на ваш ризик.

Нашата Веб страница не е услуга на складирање и би требало да си чувате копија од целата своја корисничка содржина.

Нашата Веб страница и нејзината Содржина ги испорачуваме на принцип “во видена состојба“ и “достапна“. Во најголема мера дозволено со закон не даваме никакви гаранции или изјави, експлицитни, кои се подразбираат, правни или на некој дрг начин, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на било какви гаранции за точност, можност за продажба и подобност за одредена цел, не-кршење, било какви гаранции дека нашата веб страница или содржина ќе биде потполна, точна, поткрепена, благовремена, без грешки, непрекината, безбедна или без вируси или дека секој совет или мислење добиено од М-НЕТ ФАКТОРИ и Е ЗАСТИТА по пат на нашата страница е точно или дека треба да се потпрете на него, а ние ги исклучуваме своите услови, гаранции, изјави и услови од било кој вид кои може да се однесуваат на нашата Веб страница или содржина и вашето користење или потпирање на нив.


Ограничување на одговорноста


Ништо во овие Услови не вклучува или не ограничува наша одговорност во врска со нашата Веб страница и вашата употреба или потпирање на неа ако тоа е незаконски, вклучително и за измама, лажно претставување или смрт или лични повреди предизвикани од наша небрежност. Ништо во овие Услови не влијае на вашите законски пропишани права како потрошувач.

Освен како што е наведено во првиот став горе, нема да бидеме одговорни за загубите, оштетите или трошоците од било кој вид, како и да настанале (вклучувајќи но не и ограничувајќи се на невнимание), дали директно или индиректно, под или во врска со нашата Веб страница или содржина и вашата употреба или потпирање на нашата  Веб страница или содржина.

Освен ако не е предвидено со закон, во ниеден случај нема да бидеме одговорни за било каква индиректна, последователна, примерна, специјална, случајна или казнена штета, трошоци или загуби, вклучувајќи ги без ограничување изгубените податоци, изгубениот профит и престанок на работењето.

Во најголема мера дозволено со важечки закон, експлицитно се одрекувате од сите барања кон М-НЕТ ФАКТОРИ и Е ЗАШТИТА, неговите службеници, директори, вработени, добавувачи и провајдери кои можат да произлезат од вашето користење или пристап на нашата Веб страница.


Оштета


Се согласуате дека ќе ги обесштетите и нема да ги сметате М-НЕТ ФАКТОРИ и Е ЗАШТИТА, неговите службеници, директори, акционери, претходници и наследници во интерес, вработените, агентите, сестринските компании и правите следбеници, одговорни за било какви барања, загуби, штети, одговорности, побарувања или трошоци (вклучувајќи ги и адвокатските надоместоци), кои против М-НЕТ ФАКТОРИ ги поднела било која трета страна поради или кои што произлегуваат или се во врска со вашето користење на нашата Веб страница и вашето кршење на овие Услови.


Како да не контактирате


Оваа веб страница ја управува Друштвото за информатички технологии и услуги М-НЕТ ФАКТРИ ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул. Јане Сандански бр. 35/3-15, Скопје, со ЕМБС 7271310. Доколку имате било какви прашања или коментари во врска со нашата Веб страница, слободно контактирајте не по пат на електронската пошта [email protected] ili [email protected]


Измена на овие услови


Го задржуваме правото во било кој момент ги промениме овие Услови по сопствено дискреционо право. Можеме претходно да ве информираме, но не мораме да го направиме тоа. Одговорни сте за редовно читање на овие Услови. Доколку продолжите со користење на нашата Веб страница по објавувањето на промените на овие услови, таквите услови ќе значат дека ги прифаќате и ги прифаќате измените.


Територијална важност


Нашата Веб страница, производи и услуги се прилагодени на корисниците на територијата на Република Северна Македонија и можеби не се погодни за употреба на друго место. М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје, не изјавува дека производите, услугите и содржината на нашата веб страница се соодветни или достапни на други локации освен на територијата на Република Северна Македонија. Доколку пристапите на нашата Веб страница од друга територија, одговорни сте за почитување на сите важечки закони.


Применлив закон, решавање на спорови


Вие и М-НЕТ ФАКТОРИ се сложувате дека секое барање или спор кој се однесува на нашата Веб страница ќе биде регулиран согласно законот на Република Северна Македонија без оглед на неговата одредба во конфликт со законот, и подложен е исклучително во надлежност на судовите во Скопје, Република Северна Македонија.


Општи


Овие Услови претставуваат цел договор помеѓу вас и М-НЕТ ФАКТОРИ во поглед на употребата на нашата Веб страница (ezastita.mk) и содржина, и ги заменуваат сите и сите останати писмени или усни спогодби или договори кои претходно постоеле помеѓу вас и М-НЕТ ФАКТОРИ поврзани со таква употреба. Доколку некои од одредбите во овие Услови судот ги смета за неважечки и неизвршни, таквите одредби се менуваат или бришат до мера до која е потребно и се заменуваат со важечки одредби кои најдобро ја прикажуваат намерата на овие Услови, така што овие Услови остануваат во потполна сила и важечки. Секој неуспех или одложување на компанијата М-НЕТ ФАКТОРИ во спроведувањето (во целост или делумно) на било кои одредби на овие Услови нема да се сметаат за откажување од правото или правните лекови на компанијата М-НЕТ ФАКТОРИ. Овие Услови не можат да се сметаат на начин да даваат било какви права или правни лекови на било која трета страна.

Copyright ©2021 Друштво за информатичка технологија и услуги „М-НЕТ ФАКТОРИ“ ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул. Јане Сандански бр. 35/3-15, Скопје. Сите права се задржани.