Упатство за користење на езаштита.мк

Регистрација на веб-страницата

Го одбирате пакетот кој највеќе ви одговара. Има вкупно 6 вида на пакети во зависност од вашите потреби и цели.

По одбирањето на пакет ќе бидете упатени да ги внесете бараните информации за креирање на сметка на оваа платформа.

Ве молиме користете македонска поддршка при креирањето на сметката, освен на полињата кои треба да се на латиница како емаил, веб страна и др.

Вршење на уплата и активирање на сметката

Доколку вршите уплата за активирање на сметката преку картичка, доволно е да ги внесете податоците преку системот за електронско плаќање на Casys и ја процесирате трансакцијата.

Доколку вршите уплата за активирање на сметката преку фактура, ги внесувате податоците за плаќање преку фактура на ПП30 уплатница преку вашето електронско банкарство.

Вашата сметка ќе биде активирана при реализирање на трансакциите (електронски или преку налог).

Преглед на работната табла

Работна табла и профил

По создавањето на сметката се отвора работно мени со повеќе табови. Едниот е работната табла во која се претставени основните работи за профилот.

Вториот таб е наменет за преправки во податоците на вашиот профил.

Претплата, нарачки и помош

Во табот за претплата стојат податоците за пакетот кој го користите, додека пак во табот нарачки, стојат податоци за направени нарачки како пакети, уплати и фактури.

Во табот наменет за помош има контакт форма и дополнителни информации доколку се јават прашања во врска со платформата. 

Избриши сметка и одјави се

Овие два таба се наменети за одјава од вашата сметка, односно бришење на вашата сметка.

Горно мени

Генерирај акти

Во менито „Генерирај акти“ се отвора нова можност со апликациска форма каде треба да ги внесете потребните информации побарани во формата, како име и презиме на офицерот, вработените и други информации кои се побарани.

Дополнителни акти

Во менито „Дополнителни акти“ ќе најдете дополнителна апликациска форма која ви е достапна по уплатата. Во дополнителните акти се наоѓа форма која служи за изработка на акти како креирање на правилници при користење на видео надзор, човекови ресурси и останато.

Добивање на податоците

По пополнување на полињата ги испраќате податоците и готовите законски акти предвидени со Законот за заштита на личните податоци ги добивате на вашата емаил адреса со сите дополнителни документи и правилници.

GDPR

Напомена

За изработка на упатствата користени се невистинити имиња и податоци. Ве молиме внесувајте ги точните податоци со цел да се избегнат технички проблеми.